6.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Зеќири “распали” по Талат: Дали Џафери свесно одработи за ВМРО-ДПМНЕ?

Пратеникот од СДСМ, Мухамед Зеќири ги отфрла обвинувањата дека тој е виновен што не се гласало за одземање на имунитетот на пратеникот, Трајко Вељаноски. Тврди дека не упатил навреди кон Џафери.

„Побарав да го прочита заклучокот за да гласаме пред полноќ“, рече Зеќири.

Додаде дека немало ситуација која предизвикала потреба од прекинување на седницата.

„Тој е искусен пратеник, знае да менаџира и со потензични седници“, рече Зеќири за Џафери и додаде дека одговорноста не треба да ја префрла на други.

Дали Џафери свесно одработи за ВМРО-ДПМНЕ , праша Зеќири, а во врска со идејата за поднесување интерпелација за собранискиот спикер рече дека дополнително ќе одлучуваат во пратеничката група.

Спонзорирано: