23.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Зоран Заев денеска потврди дека во пописот што треба да се спроведе наредната година ќе има графа за етничка припадност

Премиерот Зоран Заев даде потврда дека на пописот ќе има етничка графа.

„Се усогласивме дека ќе има графа за етничка припадност заради тоа што тоа е многу е важно и за помалкубројните заедници. На пример ромската заедница многу малку или поретко го употребува својот мајчин ромски јазик и ако само јазикот биде во делот на графата тогаш тоа може да не доведе вистинска бројност на таа заедница“, рече Заев.

Од тие аспекти,вели премиерот, како солидарни припадници на поголемите етнички заедници донесовме одлука и изградивме заедники став да го охрабриме и ЕУРОСТАТ и ДЗС да ја има графата за етничка припадност, додава Заев.