18.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Новинарите добија медија-центар во кривичниот суд

Во Основниот суд Скопје 1 беше промовиран медија-центарот на судот наменет за претставниците на медиумите што ја следат работата на судот, а е опремен со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Центарот е опремен со шест компјутери, библиотека со стручна литература и аудио и видеоопрема за следење на судењата во судницата 1, каде што се одржуваат повеќето од главните расправи што се од интерес на јавноста.

Ова е прв ваков центар што функционира во една правосудна институција, а е во рамките на заложбите на судот за поголема транспарентност и отвреност со медиумите и граѓанските организации како претставници на јавноста.

Беше промовирана и стратегијата за развој на транспарентноста, објавена во електронска форма на веб-страницата на судот. Стратегијата е почетен докуемнт за развој и понатамошно градење на односите на судот и медиумите.

Денешната промоција е заокружување на проектот на судот со Мисијата на ОБСЕ во Скопје за јакнење на односите на судот со јавноста, при што беа објавени и информативни двојазични табли и брошури наменети за запознавање на граѓаните за нивните права и обврски.

Обраќање имаа претседателот на судот, Иван Џолев, и амбасадорот Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, кој ја истакна заложбата на Основниот суд Скопје 1 за унапредување на односите со јавноста како пример за другите правосудни органи.