12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСЗДРАВЈЕ

Одењето пред 10 часот на работа е тортура, велат научниците

Пол Кели, научник од Оксфорд, го сврте вниманието на јавноста на проблемот кој влијае на поголемиот дел од луѓето. Овој психолог ја испитувал модерната тортура кога станува збор за работниот живот.

Дошол до откритие дека будењето и работно време кое започнува пред 10 наутро се еден од најчестите проблеми.

Тој објаснил дека секој има свој телесен часовник кој веќе е „програмиран“ и не може да се промени.

Значи, ако се присилуваме секојдневно да се будиме пред нашите органи и мозокот да бидат подготвени на тоа, тогаш се бориме со природниот часовник и тоа може да има лоши ефекти на нашето здравје.

Научникот тврди дека недостатокот на спиење е глобален проблем и дека на него треба да се укаже пред да стане сериозна опасност врз здравјето.

Објаснува дека будењето пред 10 часот може да предизвика пореметување на сонот и така да доведе до емотивен и телесен стрес.

Спонзорирано: