7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Невреме во Италија: Тројца мртви поради силни ветришта, неочекуван снег на југот од земјата

Како последица од силни ветришта, денеска во Италија загинаа три лица.

Во провинцијата Лацио животот го загубиле две лица, а неколку се повредени откако врз нив се распаднал ѕид, објави противпожарната служба.

Во Рим и околината, дрвја што паднале под силниот налет на ветрот уништиле повеќе автомобили, а во еден таков инцидент загинал 45-годишен маж, објави „Анса“.

Силниот ветер, исто така, предизвика проблеми во главниот град на Италија, принудувајќи ги градските власти за посетителите да го затворат археолошкиот парк на римскиот Колосеум.

Невидено силен ветар дувал и во други делови на Италија. Во јужниот италијански регион Абруцо паднал и снег, што е реткост за оваа област.

Поради високите бранови во градот Бари, во провинцијата Апулија, се насукал турски товарен брод. Поради невремето, неговото извлекување е одложено, пренесоа локалните медиуми.

Спонзорирано: