10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Трагедија вечерва во Скопје: Најден мртов таксист – познат идентитетот на починатото лице

Вечерва кај Железничката станица во Скопје бил пронајден мртов таксист потврдуваат од полицијата.

Според сознанија на Centar.mk, неофицијално се работи за М.П. (1961) кој бил пронајден починат, без траги на насилство, а неофицијално се дознава дека причината е инфаркт.

Таксистот бил пронајден во возило, на семафорот кај Железничката станица, поточно на Булевар Кузман Јосифовски Питу.

Во моментов на лице место има полиција која врши увид, а официјални и подетални информации од МВР најавуваат за утре.

Истрагата е во тек.

НАЈНОВИ ДЕТАЛИ ЗА ВЕЧЕРАШНАТА ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ ВО КОЈА ПОЧИНА ТАКСИСТ ОД ВОЛКОВО

Спонзорирано: