18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

“Ајде Мицкоски, побарај отказ од братучедот и твоите роднини и роднините на твоите сопартијци”

– Ајде Мицкоски. Јавноста сега очекува да го види интегритетот твој и на ВМРО-ДПМНЕ, му порачуваат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Повикај ги сите свои роднини, како и сите роднини на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои работните
места ги добиле поради влијанието на нивните блиски, да се повлечат од работните места.

Ајде расплети го јазолот на партиски вработувања во периодот додека твојата партија имаше апсолутна власт, велат од СДСМ.

– Повикај го твојот прв братучед Горан Манасиевски, да си даде отказ од работното место во ЕЛЕМ турс.

Доколку Мицкоски не побараш од лицата да ги напуштат своите работни места, добиени само затоа што се твои
роднини и соработници, ќе се докаже дека си неискрен, неодговорен и несериозен пред граѓаните, порачуваат од СДСМ.

Спонзорирано: