18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Генерал Стојанче беше во Тетово: Се сретна со таткото на загинатиот бранител Лазо, кој иако неколку недели пред да загине беше ранет, сепак се вратил во служба за време на конфликтот од 2001-та

Генерал Стојанче Ангелов денес беше во Тетово, таму се сретна со Лазо Стојановки татко на загинатиот бранител Цоки Стојановски.

Генерал Ангелов го објави следниот статус за животната судбина на семејството на загинатиот бранител:

– Кафе муабет со Лазо Стојановски, татко на загинатиот бранител Цоки Стојановски. Државата покрај почит има и одговорност кон семејствата кои во 2001-та ги загубиле најмилите. Прострелната рана во ногата не го спречи храбриот полицаец Цоки неколки недели подоцна, иако ранет, повторно да се врати во редовите на македонската одбрана. За жал вториот пат кога повторно беше погоден, на крајот на август 2001-та, немаше среќа како првиот пат, прострелните рани во градниот кош беа кобни за неговиот млад живот.

Како држава имаме одговорност кон двете чеда на Цоки, неговите тогаш сосем малечки ќерки кои во моментот на смртта на нивниот татко беа на возраст, едната 6 месеци, другата 6 години. Денес ќерките на Цоки се убави и големи девојки израснати од нивниот тажен, храбар и борбен дедо, Лазо.

Наша обврска како држава е да се грижиме за ќерките на Цоки односно внуките на Лазо, најблиску како што тоа би го правел нивниот загинат татко или како што тоа сиве овие 18 години го прави нивниот дедо, напиша генерал Стојанче Ангелов споделувајќи ја следната фотографија.

Спонзорирано: