23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари – Котевски се повлече од функцијата

Премиерот Зоран Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, по вчерашните вербални и физички напади на ексминистрите Миле Јанакиески и Спире Ристовски.

„Во затворот секој треба да си ја врши работата и да не дозволува ни намерни ни ненамерни инциденти. Секое лице што доаѓа таму лишено од слобода треба да биде безбедно. Со оглед на тоа што Владата го именува директорот на затворот во Шуто Оризари, очекувам тој во понеделник до Владата да поднесе оставка“, рече премиерот Заев на денешната конференција за борба против корупција.

Премиерот објасни дека се слушнал со директорот Котевски, кој му поднел устен извештај за инцидентите. Според директорот, Ристовски прв вербално нападнал друг притвореник, а за кусо време се случил уште еден инцидент. Премерот тврди дека вакви постапки нема да се толерираат без оглед дали истрагата ќе покаже дека нападнатите го испровоцирале инцидентот или не.

кусо потоа директорот Котевски најави дека ќе го испочитува барањето на Заев и ќе си поднесе оставка.