14.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Северна Кореја има сѐ помалку храна

Северна Кореја предупреди дека се соочува со недостиг од храна од околу 1,4 милиони тони во 2019 година, односно дека е присилена речиси да ги преполови оброците, обвинувајќи ги високите температури, суштата, поплавите и санкциите на Обединетите нации.

Мисијата на Северна Кореја при Обединетите нации објави меморандум на две страници, без датум, во пресрет на вториот самит следната недела помеѓу американскиот претседател, Доналд Трамп, и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.

„Вашингтон“ бара Северна Кореја да се откаже од програмата за нуклеарно вооружување која е закана за САД, додека Северна Кореја бара укинување на санкциите.

ОН едногласно ги зајакна санкциите за Северна Кореја од 2006 година, за да го прекине финансирањето на програмата на Пјонгјанг за нуклеарно вооружување и балистички проектили.