8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Исмет Гури: Избламирани сме со судењето и нарушен ни е интегритетот

Во кривичниот суд по четврти пат од почеток почна судењето за предметот на СЈО за уништување изборен материјал во предметот „Титаник 3“. Претседател на судечкиот совет е судијката Марија Клетничка.

Обвинетите Исмет Гури и Ејуп Алими рекоа дека во согласност со Законот за употреба на јазиците бараат обвинението и сите досегашни списи да им бидат преведени на албански јазик.

„Текстуално разбирам за што сум обвинет, а суштински не“, рече Исмет Гури. „Толку сме избламирани со судењето што ни е нарушен интегритетот“, кажа пред судот обвинетиот Исмет Гури.
И двајцата рекоа дека не се чувствуваат виновни.

Судењето почна од почеток откако судијката Оља Ристова побара да биде иземена поради изјава на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и написите во медиумите, со кои, како што беше официјално соопштено, се вршел притисок врз судот во врска со заканите кои му ги упатил адвокатот на Ејуп Алими, Мефаил Исмаили на обвинителот Гаврил Бубевски, како и поради начинот на водењето на предметот.

Претходните одлагања на овој предмет беа поради промена на судечкиот совет. Во „Титаник 3″, за уништување изборен материјал обвинети се координаторот на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури. Првото рочиште се одржа на 16 март 2018 година.

(Makfax)