21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Емотивни говори и обвинувања на расправата за имунитетот на Вељаноски

Емотивни говори, дофрлувања и обвинувања ja одбележуваат распрвата за имунитетот на Трајко Вељаноски во рамки на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

Груевски ве пушти низ вода сите, рече пратеникот од НСДП, Горан Мисовски, по обраќањето на Вељаноски на седницата на која се расправа за имнуинтетот на поранешниот претседател на Собранието.

„Ние немаме право да цениме обвинителен акт, тоа е право на судот, но ВМРО-ДПМНЕ така владееше десет години“, рече Мисовски.

Тој додаде дека целиот напад на 27 април 2017 година бил органзиран во белата палата на ВМРО-ДПМНЕ, додека раскажуваше за настаните од крвавиот четврток.

Претходно пред Комисијата се обрати и Вељаноски кој побара одговори зошто обвинението против него е покренато една година откако му бил одземен телефонот, а на 33 лица по само три месеци.

„Од кои причини дури сега покренуваат обвинение како терорист да сум. Пред да одлучите за имунитетот да имате претстава зошто се бара. Јас бев 10 години претседател на Собранието, ни на крај памет не ми било да правам дејствија спотивни на законот, посебно за колеги пратеници“, рече Вељаноски.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ реагираа со барања Богоевски да го прекине Мисовски бидејќи зборува процедурално.

Пратеникот на НСДП во меѓувреме го потсети Вељаноски не само на 27 април туку и на црниот понеделник кога од Собранието беа исфрлени пратеници и новинари.

Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на седница го разгледува барањето за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски. Според Деловникот, кога претседателот на Собранието ќе го достави барањето до Комисијата, таа треба да одржи седница на која ќе го разгледа барањето и да го достави извештајот до собранискиот спикер. По добиениот извештај од Комисијата, Собранието, најдоцна во рок од три дена, треба да одлучува на пленарна седница. Одлуката за одземање на имунитетот се носи со мнозинство од вкупниот број пратеници. Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, заедно со Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, вчера попладне беше приведен на распит по наредба на Јавното обвинителство под сомнение за вмешаност во настаните од 27 април 2017 година.

(Makfax)

Спонзорирано: