23.8 C
Скопје
12. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најбрутални протести досега во Париз, демонстрант ја загуби раката во детонација на граната

Во новите судири меѓу полицијата и „жолтите елеци“ во Париз, еден демонстрант е тешко повреден, во детонација на граната ја загуби раката. Протестите на „жолтите елеци“, кои се досега најбрутални во Франција, се одржуваат веќе 13-ти викенд по ред.

Граѓаните и демонстрантите, на социјалните мрежи споделуваат фотографии и видеа од тешко повредениот маж.

Француската полиција употреби солзавец за да ги растера гневните демонстранти. На снимките може да се види демонстрант како удира полицаец во лице, по што полицијата ја засили репресијата.

Удари во облаци од солзавец ги покрија улиците, пренесува „Раша тудеј“.