17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Рускиот амбасадор во ОН: Им благодарам на САД што ме шпионираат

Амбасадорот на Русија во ОН, Василиј Небензја се пошегува дека не му пречи што го шпионираат американските разузнавачки служби. Тој истакна дека дури им е благодарен за тоа, бидејќи, како што рече, со тоа му пружале заштита.

„Ники Хејли (поранешна амбасадорка на САД во ОН) еднаш се пошегува на таа тема, кажувајќи ми дека сум многу добро заштитен. Одговорив дека навистина се чувствувам сигурен овде и дека сум благодарен на домашните власти што ми обрнуваат внимание“ рекол Небензја во интервју за руските медиуми, по повод Денот на дипломатите, пренесе ТАС С.

Рускиот дипломат рекол дека со поранешната амбасадорка на САД во ОН, се договориле да останат во контакт.

Спонзорирано: