3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Колумбиски ветеринар шверцувал хероин во кучиња

Колумбиски ветеринар кој криумчарел хероин во САД така што го ставал во мали кучиња е осуден на затвор, објави Би-би-си.


Андрес Лопес Елорес одгледувал кучиња на својата фарма во периодот од 2004 до 2005 година и во нив ставал кесички со хероин, шверцувајќи ја дрогата преку граница.

Тој е уапсен во Шпанија во 2015 година и пренесен во САД, за да му се суди поради кривично дело „криумчарење дрога“. Судијата во Бруклин го осуди на шест години затвор.

„Дојде мачката на врата. Андрес Лопес Елорес е виновен за недолично користење на своите ветеринарски вештини, за да скрие хероин во кучињата и така го криумчарел во САД“, рекол обвинителот.

Полицијата на 1 јануари 2005 годин ја пребарала фармата на Елорес во градот Медељин во Колумбија и ја разоткрила операцијата за шверцување дрога. Биле најдени 9 кучиња, како и 17 кесички хероин, кои вкупно тежеле речиси 3 килограми. Властите хируршки извадиле десет кесички со дрога од кучињата. Три кучиња умреле по операцијата поради вирусна инфекција.

Елорес успеал да побегне во Шпанија, а полицијата трагала по него со години.

Спонзорирано: