Вестите на интернет страницата Centar.mk може да се користат исклучиво за лично информирање. Забрането е превземање без писмена дозвола на редакцијата. Забрането е секакво ре-емитување на текстовите, фотографиите и видеата објавени на оваа страница без посебна писмена дозвола добиена по електронска пошта од contact@centar.mk. Со праќањето на mail до contact@centar.mk, како и другите официјални мејлови ги предавате правата за слободно објавување кон Centar.mk (на веб адресите www.centar.mk,p на сите текстови, фотографии и други мултимедијални содржини кои се содржани во мејловите, како и оние кои содржат дополнително прилог (attachment).
Пропадна финскиот експеримент за гарантирана плата за невработените
Финската влада ги објави првите резултати од двегодишниот експеримент со загарантирана плата за невработените, што заврши пред еден месец, а кој, спротивно на очекувањата, покажа дека не ги мотивира корисниците да се вработат и на тој начин да заработат повеќе.
За време на овој пробен период, 2 000 Финци станаа првите Европејци кои добиваа загарантиран личен приход, секој месец примајќи чек од државата, без оглед на тоа дали пронашле работа или седеле дома.
Со овој експеримент Финска тестираше една од алтернативите за обновување на моделот на социјална заштита, што е крупен проблем кој се очекува да се реши по парламентарните избори во април.