17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хрватската претседателка тврди дека на улиците на Загреб нема бездомници

Хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ, која живее и работи во Загреб, денеска се сретна со градоначалникот Милан Бандиќ. Претседателката даде изјава за медиумите на Загрепскиот велесаем каде, меѓудругото, тврдеше дека на улиците на Загреб – нема бездомници.

Еден новинар ја праша претседателката дали има слушнато нешто ново за Загреб, нешто што досега не го знаела.

„Знам многу работи затоа што живеам тука и се сретнувам со градоначалникот, меѓутоа слушнав многу податоци, особено за социјалните бенефити. Гледате дека низ улиците на градот, за разлика од многу градови, нема бездомници. Загреб на бездомниците им обезбеди покрив над главата” , рече претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ.

Секому што се движи пеш во Загреб наместо да се вози во колона од блиндирани возила е јасно дека, во најмала рака, тоа не е точно. На дел од бездомниците навистина им е обезбеден покрив над главата, но тврдењето дека на улиците на Загреб нема бездомници е едноставно лажна, според хрватски „Индекс“.

Спонзорирано: