17.8 C
Скопје
22. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Масовно помилување на затвореници во Иран

Врховмиот лидер, ајаталахот Али Хамнеи, помилува голем број затвореници по повод 40-годишнината од Исламската револуција, пренесе иранската државна телевизија.
Не е наведено колку затвореници се ослободени, но според некои извештаи, би можело да се работи за околу 50 000 луѓе, што е најголем број кога било опфатен со помилувањето. Како што било кажано, некои од затворениците биле пуштени, а на некои им биле намалени казните.

Иран прославува годишнина од револуцијата од 1979 година, во која е итфрлена монархијата, која ја поддржувал западот и започнато е четиридецениско владеење на свештениците.

Хамнеи, кој издаде указ за помилување, го има последниот збор за сите важни политички прашања.

Во иранските затвори се наоѓаат околу 240.000 луѓе, меѓу кои и неколкумина со двојни државјанства од западните земји, кои се затворени поради наводни закани по националната безбедност и не се знае дали се наоѓаат меѓу помилуваните лица.