20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Нова седмица, нови прогнози: Временска прогноза за првите четири дена од неделата

Следува период на променливо време со позитивни утрински температури и повремено со врнежи. До вторник по котлини се уште ќе има услови за појава на магла.

]Утре претежно во западните делови и на југот ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег со послаб интензитет.

Нови врнежи се очекува во среда да започнат од југ каде што ќе се поинтензивни и кои кон крајот на денот ќе бидат од снег освен на планините и на некои повисоки места.

До среда дневните температури ќе се задржат повисоки со што ќе продолжи поинтензивното топењето на снежната покривка.

Прогноза за 05.02.2019
Минимална температура: -1°C до 7°C
Максимална температура: 7°C до 15°C
Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен источен ветер.

Прогноза за 06.02.2019
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 4°C до 9°C
Претежно облачно со врнежи кои ќе започнат од југ и таму ќе се и поинтензивни, а потоа ќе се прошират кон север со послаб интензитет. Врнежите ќе започнат како дожд а до крајот на денот ќе преминуваат во снег понекаде на повисоките места особено на југозападот. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Прогноза за 07.02.2019
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 3°C до 10°C
Променливо облачно со слаб до умерен северозападен ветер.