Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Метео-предупредување: До среда невообичаени високи температури кои ќе го стопат снегот, а од среда невреме со дожд и снег

Следува период на променливо време со позитивни утрински температури и повремено со врнежи. До вторник по котлини се уште ќе има услови за појава на магла.

Утре претежно во западните делови и на југот ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег со послаб интензитет.

Нови врнежи се очекува во среда да започнат од југ каде што ќе се поинтензивни и кои кон крајот на денот ќе бидат од снег освен на планините и на некои повисоки места.

До среда дневните температури ќе се задржат повисоки со што ќе продолжи поинтензивното топењето на снежната покривка.