17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кукавицата Груевски ќе се врател – Да, ама во затвор, Мицкоски е марионетата која мисли дека му го чува местото во ВМРО-ДПМНЕ, порачаа од владејачката СДСМ

– Кукавицата Груевски ќе се врател – Да, ама во затвор, Мицкоски е марионетата која мисли дека му го чува местото во ВМРО-ДПМНЕ, се вели во жестоката реакција на СДСМ упатена вечерва по интервјуто на бегалецот Никола Груевски за тв Сител.

– Македонија во среда седнува на своето столче во НАТО, а кукавицата и бегалец од правдата Никола Груевски, го чека неговото столче во ќелија.

Успехот на Република Македонија е неговиот најголем пораз.

Шефот на Мицкоски од Будимпешта, агентот Груевски глуми жртва и патолошки лаже.

Граѓаните, жртвите на Никола Груевски и неговото криминално, режимско владеење кое им одзеде 11 години од животите, одамна го оставија и му кажаа: збогум криминалецу!

Во главата на Груевски има само ликвидации и црни сценарија исто како кај Мицкоски.

Граѓаните слушнаа дека истите зборови на Никола Груевски излегуваат речиси секојдневно од устата на неговиот пион Христијан Мицкоски.

Јасно е, Христијан Мицкоски е марионета која мисли дека му го чува местото на Груевски.

Најголемата казна за Груевски е што му пресуди народот, а сега, на изборите истото го чека и неговата марионета Мицкоски.

Груевски може да ги почне мемоарите, но ќе ги заврши во затвор.

Ќе се врати и ќе одлежи според стандарди, во нашата демократска и напредна земја, членка на НАТО, велат од СДСМ.

Спонзорирано: