20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Бегалецот Груевски не е разочаран од Јанкуловска, а откри и што мисли за постапките на Сашо Мијалков

Бегалецот Никола Груевски кој во интервјуто за Сител рече дека ги разбира поранешните соработници кои на одреден начин се оградуваат од него затоа што се под притисок, осврнувајќи се на Миле Јанакиевски и Кирил Божиновски, откри дека не е разорачаран од нивните постапки

-Нивното апсење по моето бегство е само доказ дека станува збор за политички прогон. Ни криви ни должи се уапсени. Имам информации дека и двајцата беа ставени на список за притвор за слуајот „Талир“. Па власта ја искористи можноста претходно да ги затвори на десетина дена. Не сум разочаран од нив, под тежок притисок, во тешка ситуација беа бидејќи на власта и се случи ситуација каде покажа дека по не знам кој пат дека се неспособни па удри по нив. Затоа не им се лутам и ги разбирам, рече Груевски.

Груевски во интервјуто за ТВ Сител се осврна и на исклучувањето на Сашо Мијалков од ВМРО ДПМНЕ поради сомнение за вршење на притисок врз пратениците екс премиерот рече дека тој самиот не правел притисоци.

-Не сум вршел никакво влијание врз пратеници, знаете како гласав и не можам да гласам едно, а друго да барам од други. Се збори дека Мијалков така постапил, но не видов докази, за сега нема ама се надевам дека ако има во иднина ќе се видат. Не се мешам во одлуките на партијата. Гордана даде една така реакција, но ги знам ставовите нејзини, сме работеле долго време заедно. Сум примал сугестии, тогаш сметале дека тие одлуки се најдобри, сега може мислат поинаку, но тоа е од што сметаат дека на тој начин ке се намали притисокот врз нив, тоа е мое мислење. Не сум лут ниту разочаран, рече Груевски за Сител.