14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Владините коалициски партнери не се разбираат меѓу себе

Додека Заев се фали на странски телевизии дека наводно ужива најголема доверба помеѓу граѓаните, дома бега од предвремени избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.

Опозициската партија додава дека Заев бега од гневот на граѓаните поради понижувањата, промената на името и откажувањето од македонскиот јазик, идентитетот и историјата. До тој степен македонското општество е поделено, велат од ВМРО-ДПМНЕ, што ниту владините коалициски партнери на прес -конференции не се разбираат меѓу себе.

„Оние Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци на кои Заев им ветуваше живот, 500 евра плата и враќање на младите назад во државата, сега бараат остварување на овие ветувања. Наместо двојазичност, граѓаните од сите етникуми го бараат ветениот живот“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

На пазарџиите, пензионерите, младите, земјоделците, како и на сите граѓани во Македонија, додава ВМРО-ДПМНЕ, им е доста од црнилата олицетворени во одродената и криминална власт предводена од аболираниот Заев. Партијата повторно го повика Заев да собере храброст, да излезе на предвремени избори и да се соочи се со македонските граѓани.

Спонзорирано: