19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Oсмани во работна посета на Финска

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска ќе престојува во работна посета на Република Финска, каде што ќе оствари средба со министерот за европски прашања, Сампо Терхо.

Во рамките на посетата Османи ќе има средба и со претставниците на кабинетот на премиерот, Јуха Сипилја, претставниците на Комитетот за европски прашања при финскиот парламент, како и со претставниците на Министерството за надворешни работи.

Со оглед на фактот што од 1 јули годинава Финска ќе го презеде шестмесечното претседавање со Европската Унија, на средбите се очекува да бидат отворени прашањата за приоритетите на финското претседателство; предизвиците и перспективите за проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан; како и за билатералната поддршката на Република Македонија од страна на Финска, особено за процесот на евро-атлантско интегрирање на земјава.

Работната посета на Финска е дел од мини турнејата на вицепремиерот Османи на тројката земји претседавачи со Советот на ЕУ во наредните 18 месеци, на која ѝ претходеше посетата на Романија, која моментно е претседавач со Советот на ЕУ, а ќе следува и посета на Хрватска како земја што ќе го преземе претседателството од Финска.

Спонзорирано: