14.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Скопјанка тешко повредена кога во неа удрил автомобил

На крстосницата од булеварот 12. македонска бригада со улицата Димитар Туриманџовски, во утринските часови на 31 јануари, автомобил „фолксваген венто“ удрил во пешак, односно 41-годишна жена од Скопје.

Автомобилот со кумановски регистарски таблички го управувал 35-годишник од кумановското село Лопате.

Жената била пренесена на комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што од страна на лекар ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила полициска екипа од СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.