8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Гостиварец со циркулар си ги расекол прстите на десната рака

Гостиварец на возраст од 28-години се повредил работејќи на циркулар во фабрика за мебел во гостиварско Горна Бањица.

Како што информираат од МВР, инцидентот се случил во попладневните часови на 31 јануари додека 28-годишниот работник сечел со машината, при што си ги повредил прстите од десната рака. По инцидентот, тој бил пренесен во Клинички центар во Скопје.

Полицијата извршила увид на местото и работи на целосно расчистување на случајот.