24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

„Фејсбук“ затвори 783 лажни профили поврзани со Иран

Компанијата „Фејсбук“ објави дека на социјалната мрежа биле укинати речиси 783 страници, налози или групи поврзани со Иран.

Профилите, како што посочија од компанијата, се затворени поради координирано неавтентично однесување.

Станува збор за лажни профили отворени со намера да се нарушуваат политиката и изборите, соопштија од „Фејсбук“.

Сопствениците на овие профили потрошиле околу 30.000 долари за рекламирање за што плаќале во американски долари, британски фунти, канадски долари и евра, се наведува во соопштенето на компанијата.