8.8 C
Скопје
12. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Џафери ја води седницата на албански јазик, за ВМРО-ДПМНЕ тоа е противправно

Седницата на која на деневен ред се пратенички прашања, собраникиот спикер Талат Џафери ја отвори на албански јазик. На ова реагираа од ВМРО-ДПМНЕ од каде што велат дека Џафери постапува спротивно на Уставот и Деловникот.

„Сведоци сме како брзате кршејќи ги процедурите да го ставите законот за јазици во употреба, а тоа е спротивно на член три од Деловникот, каде стои Службен јазик е македонскиот и неговото кирилско писмо“, рече координаторот на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и побара да се почека одговорот од Уставниот суд каде е поднесена иницијатива за оценување на Закон за јазици.

Џафери на албански јазик возврати дека постапката пред Уставен не значи замрзнување на примена на законот. Тој потсети дека законот е изгласан уште во јануари 2018 и дека поминала цела година и дека е јасно дека е веќе во употреба.

„Јазикот служи да се разбереме, поважно е да носиме закони во интерес на сите граѓани отколку на кој јазик ќе биде тоа, ние како владејачко мнозинство имаме иста цел- подобар живот за сите, концептот за едно општество е на здрави нозе“, рече координаторот на СДСМ, Јован Митревски.

Џафери првпат ја води седницата на албански јазик откако стапи на сила Законот за јазиците. Образложението зошто веднаш не почнал да ги води седниците на албански јазик откако беше донесен Законот, беше дека чекал техничка подготвеност на собраниските служби, но ниту денеска не е обезбедена можноста за снимање директно на втор канал од галеријата од каде медиумите ги следат седниците.