6.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Захарова: Не планираме да ги евакуираме нашите граѓаните од Венецуела

Русија не планира да ги евакуира своите дипломати и граѓани од Венецуела, соопшти портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

„Нема планови да се евакуираат руските дипломати, ниту членовите на нивните семејства, ниту пак, други руски државјани, вклучувајќи ги и вработените во руските компании и мисии – можам да го потврдам тоа”, рече Захарова.

Нејзината изјава следува откако во изминативе неколку дена протестите во Венецуела станаа доста тензични. На 21 јануари во земјата почнаа масовните протести против претседателот на државата, Николас Мадуро. Претседателот на венецуелскиот парламент, опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, на 23 јануари себе си се прогласи за привремен шеф на државата. Самопрогласувањето на Гуаидо за привремен претседател први го поддржаа САД.

Во насилствата во земјата досега најмалку 40 луѓе загинаа. Од нив, 26 луѓе се убиени од провладините сили, петмина загинале во рации на домови, а 11 за време на кражби, изјави портпаролот на ОН за човекови права, Руперт Колвил.

Во месец јануари во земјата биле уапсени 23.696 луѓе, што е најголем број уапсени во Венецуела во последните 20 години. Колвил рекол дека само во еден ден биле уапсени 696 лица.

Спонзорирано: