14.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Три лица загинаа при пад на болнички хеликоптер

Најмалку три лица загинаа кога болнички хеликоптер се урна во оддалечена шумска област во државата Охајо. Хеликоптерот тргнал да пренесе пациенти од една во друга болница, но се урнал.

Несреќата се случила околу седум часот изутрина по локално време. Загинатите лица биле дел од медицинскиот тим. Медицинскиот тим од болницата „Маунт Кармел“ во Гров Сити требало да пренесе пациент во Померо.

Остатоците од хеликоптерот се пронајдени по три часа од почнувањето на спасувачката акција во оддалечена шумска област.

Спонзорирано: