10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

СДСМ со одлична вест: Влегоа нови 17 странски инвестиции

Успешните економски политики, напредокот во реформите и евроинтегративниот процес ја вратија довербата во македонската економија и Македонија станува атрактивна дестинација за сериозни странски инвестиции, велат од владејачкиот СДСМ.

Како што наведуваат од таму, од почетокот на мандатот на Владата во фаза на реализација се 17 нови странски инвестиции.

„Во технолошко-индустриските развојни зони во Скопје 1 и 2 се реализираат 12 странски инвестиции, а на други локации дополнителни 5 инвестиции, чија вредност изнесува околу 155 милиони евра. Во првата фаза од овие новоотврени капацитети ќе се вработат околу 1.100 лица, а во согласност со нивните бизнис-планови вкупниот број новоотворени работни места треба да изнесува над 4.300“, стои во партиското соопштение во кое се додава дека со порастот на странските инвестиции расте и извозот од индустриските зони.

Од партијата на власт велат дека многубројни економски показатели, како растот на платите, зголемениот број работници и намалувањето на невработеноста, ја докажуваат успешноста на економските политики и реформскиот процес.

Спонзорирано: