12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британскиот Парламент усвои амандман кој спречува брегзит без договор

Кога пратениците на британскиот Парламент гласаа против предлогот за одложување на брегзитот, тие усвоија и необврзувачки амандман со кој се исклучува можноста за напуштање на Унијата без договор со Брисел. Тие исто така усвоија и амандман со кој се бара алтернативно решение за т.н. бекстоп за ирската граница.

За првиот амандман гласале 318 пратеници, а против биле 310. Амандманот е правно обврзувачки за владата, но има политичка сила како изразена волја на Парламентот.

Амандманот сигнализира дека Парламентот во целина се противи на напуштањето на ЕУ без договор, што, според планот, треба да се случи на 29 март доколку не се договори алтернатива, но не ја обврзува Владата да спречи таков брегзит.

Парламентот на почетокот на месецот со убедливо мнозинство гласови го одби понудениот договор со Брисел и сега се гласа за можните идни чекори.

Спонзорирано: