8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Швајцарски полицаец казнет за брзо возење додека бркал криминалци

Еден полицаец во Женева ја изгуби жалбата против паричната казна од 600 франци (528 евра) што ја доби за брзо возење додека бркал осомничени криминалци, пренесува „Локал“.

Федералниот Врховен суд на Швајцарија ја потврди казната полицаецот ја добил за возење со брзина од 92 км/час во зоната од 50 км/ч за време потера по осомничени лица кои наводно ограбиле банкомат.

Полицаецот, всушност, бил фатен на радар два пати за време на потрагата. На првиот радар била фатен со брзина 30 км/ч над ограничувањето, а вториот пат воел 42 км/ч над законскиот лимит.

Обвинителите го прифатиле првиот прекршок за прифатлив во согласност со тактичките барања, но Кантоналниот суд во Женева пресуди дека вториот прекршок е сериозно прекршување на прописите за сообраќај и го казни возачот со 600 франци.

Судот соопшти дека брзините за време на полициска бркотница морале да бидат пропорционални и дека иако е од јавен интерес да се сопрат криминалците, полицаецот морал да избере брзина што не ја загрозува безбедноста на другите.

Спонзорирано: