7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ЕУ: Моменталниот договор со Велика Британија е најдобар

Европската унија соопшти дека моменталниот договор со Велика Британија е најдобар и единствен начин да се обезбеди договорениот Брегзит, откако британската премиерка Терезе Меј вети дека ќе се обиде договорот да го измени.

Од кабинетот на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск се вели дека т.н „бекстоп“ кој трeба да гарантира отворена граница меѓу Република Ирска и Северна Ирска по Брегзит, за кој Лондон сака да преговара, не може да биде предмет на понатамошни разговори.

Меј по усвојувањето на амандманите со кои се бара измена на бекстоп, рече дека британскиот парламент јасно ја искажал желбата и дека таа ќе се заложи за правно обврзувачки измени на спогодбата за излез од ЕУ.