27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Макрон: Преспанскиот договор е пример за решавање на проблемите

Договорот од Преспа претставува пример за решавање на проблемите во Европа и пошироко, изјави францускиот претседател Емануел Макрон говорејќи за спорот за името на петтиот самит на земјите од Југот, што се одржува во Кипар, пренесе грчкиот весник „Катимерини“.

Тој истакна дека договорот е надеж за сите дека дијалогот води до резултати.

„Би сакал да ги споменам премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, кои заедно се договорија за името Северна Македонија усвојувајќи го договорот. Тоа е одличен пример за Европа и порака на надеж за сите нас“, рече Макрон.

Францускиот претседател говореше и за билатералните односи меѓу Франција и Кипрас потврдувајќи ја поддршката на Франција во напорите за решавање на кипарскиот проблем.