5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Во Скопје за еден ден се случиле 11 сообраќајни незгоди

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје се случиле 11 сообраќајни незгоди, од кои две со тешки телесни повреди, пет со телесни повреди и четири со материјална штета, соопштија од полицијата.

Во несреќите, покрај двете лица што добиле тешки телесни повреди, шест добиле телесни повреди.

Од преземените мерки и активности полицијата констатирала дека 71 возач управувале возило со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 20 возачи, од кои, како што посочија од МВР, тројца затоа што управувале возила под дејство на алкохол и 17 возачи управувале возила без да стекнат право за управување моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и девет возила бидејќи седум биле нерегистрирани, а две возила биле технички неисправни.

Санкционирани се и четири возачи поради поминување крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување пешаци, шест поради неправилно престројување, четири поради неправилно престигнување, шест поради непоседување пропишана зимска опрема, двајца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување моторно возило и девет возачи поради користење мобилен телефон при управување нвозило, информираат од полицијата.

Во однос на пешаците, пак, санкциониран бил еден пешак поради поминување коловоз надвор од пешачки премин и четири пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 114 мандатни платни налози и 82 возила се подигнати со специјалното возило „пајак“.