Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Полска кланица продава сомнително месо од болни крави

Полската полиција истражува кланица осомничена за илегална трговија со болен добиток, која била тајно снимена како работи, пренесува Би-би-си.

Главниот ветеринарен службеник изјавил дека од снимката, емитувана на полската телевизија ТВН 24, се откриваат нелегални активности, со оглед дека колењето на добитокот се врши ноќе за да се избегне официјален надзор.

Снимката покажува видливо болни крави, кои не може да стојат на нозе, но не е јасно каде отишло месото.
Откритието е потенцијална закана за ЕУ бидејќи во 2013 година скандалот со коњите ја открива сложеноста на продажбата на месо на единствениот европски пазар.

Скандалот предизвика повлекување на производот, а властите се обидуваат да го пронајдат сомнителното месо.