18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Црна Гора трага по 57 државјани исчезнати во војните во поранешна Југославија

Црна Гора трага по 57 свои државјани исчезнати на подрачјето на поранешна Југославија во 90-тите години на минатиот век, објавија црногорските власти.

„На територијата на Косово се трага по 44 лица, во Босна и Херцеговина по десет и на територијата на Хрватска по три лица“, соопштила Владата.

Лидерот на владината Комисија за исчезнати лица, Драган Ѓукановиќ, и координаторката на Регионалната канцеларија на УНДП, Ивана Јовановиќ, се договориле на идна соработка и размена на информации важни за решевање на судбината на исчезнатите.