12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кирацовски по седницата на ЦО: Победничкиот кандидат за претседател на СДСМ ќе се бира на Конгрес, раководството ќе ја донесе одлуката за можни предвремени избори

Централниот Одбор донесе одлука да ја започне процедурата за избор на кандидат за Претседател на Република Македонија која ке заврши и ќе се комплетира со Конгресот којшто ќе се одржи на 03.03.2019, соопшти Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ.


– На Македонија и треба вистински претседател кој ќе работи за доброто и за интересите на граѓаните и државата, потенцираше Кирацовкси.

– Централниот Одбор донесе одлука за започнување на постапка за избор на кандидати за градоначалници, за Општините Дебар, Охрид и Ново Село.


Централниот Одбор на СДСМ го овласти највисокото раководство на партијата да ја донесе и одлуката дали заедно со претседателските избори ќе се организираат и предвремени парламентарни избори.

Во сите одлуки, коишто денес се донесоа, СДСМ ќе продолжи да биде воден од клучната цел: безбедна Македонија, членка на НАТО и ЕУ, со забрзани реформи, растечка економија и подобар стандард на сите.

СДСМ оди на победа на било какви избори.

Конечна одлука донесовме и за секретар за меѓународна соработка, Централниот Одбор го избра Дане Талески, рече Кирацовски.

Спонзорирано: