Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Сорос и Заев во Давос разговараа за владината стратегија едно општество за сите

Премиерот Зоран Заев на Светскиот економски форум во Давос се сретна и разговараше со филантропот и финансиер Џорџ Сорос, основач на фондациите „Отворено општество“ (ФОО) и со Патрик Гаспар, претседател на ФОО.

Како што информираат од владината прес-служба, зачленувањето на Република Македонија во НАТО и интеграцијата кон Европската Унија биле оценети како клучни чекори кои обезбедуваат стабилност и сигурност за земјата и за регионот и ја отвораат вратата за нови странски инвестиции, за развој на македонската економија и за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Во разговорот била истакната и важноста на Националната стратегија за едно општество и мултикултурализам, како и потребата од интензивно учество на граѓанскиот сектор во креирање и спроведување на стратегијата со цел, како што било речено, да се поддржи општествениот тренд на унапредување на довербата и комуникацијата меѓу различните граѓани и заедници во Република Македонија.

Заев и Сорос размениле идеи за интензивирање на соработката меѓу Владата и фондациите „Отворено општество“ со цел обезбедување подобри капацитети за грижа и за предучилишно образование за децата и за поголема вклученост на граѓаните Роми во разни сфери на општествените текови во Македонија.

Спонзорирано: