5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Снег “натрупа” низ Македонија: АМСМ излезе со важна информација

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ: Поради појава на магла видливоста е намалена од 50м до 100м во Страцин и на планинскиот премин Буково.

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Од 08:15 часот воведена забрана за ТМВ на А3 премин Ѓавато поради врнежи од снег.

Од 07:35 часот се воведува забрана на движење за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка.

Од 23:55 часот на патот Дебар – Маврови Анови и обратно, поради обилни врнежи од снег е воведена забрана за движење на ТМВ.

Во 23:25 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: На патниот правец Струга – г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, а на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните служби на ЈП Македонија пат. Снег врне во Тетово, Гостивар, Кичево, на Попово Шапка, Маврово, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.