10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Директорот на СТО: Светската трговија е во опасност

Светската економија ќе потоне во мрачни времиња без слободна трговија, предупреди директорот на Светската трговска организација (СТО), Роберто Азеведо.

„Доколку СТО и системот за глобална трговија се изгубат од вид, ние ќе бидеме во мрачни времиња, го тврдам тоа“, порача Азаведо во говор на состанокот на Светскиот економски форум во Давос.

Слично беше и предупредувањето на Европската комесарка за трговија, Цецилија Малмастром.

„Има земји кои делуваат по сопствено убедување, ги игнорираат глобалните правила и го потопуваат системот на глобалната трговија“, рече таа.

Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, почна на 22 јануари, а завршува денеска.

Спонзорирано: