9.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Загина на еден ден пред роденденот: Успешна српска музичарка прегазена од камион

Успешната музичарка од Србија, загина на 29-годишна возраст во Холандија, откако на неа налета камион.

Младата Сабрина Васкалиќ од Белград била прегазена од товарно возило додека се возела со велосипед во холандското градче Гронинген.

Трагедијата се случи четвртокот, на само еден ден пред нејзиниот 30-ти роденден.

Сабрина била талентирана музичарка. Од детство свирела класична гитара, која ја одвела да живее и работи во странство. Почнала да свири кога имала 7 години, а на 16 запишала Универзитет за уметност во Белград, на кој дипломирала, пишуваат српските медиуми.

Таа во Холандија се занимавала со музика и држела часови по гитара и била успешна во својата работа.

Спонзорирано: