3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Полицијата доби нови возила – еве како изгледаат

Делегацијата на Европската унија во Скопје и Меѓународната организација за миграција (ИОМ) денеска на Министерството за внатрешни работи му донираа две теренски возила марка „Нисан навара“ опремени со сет на системот TRACK’N’GO.

Со донацијата се зајакнуваат капацитетите на тимовите за интервенција и се подобрува одржувањето на телекомуникациските системи на МВР.

Возилата се опремени со специјална опрема која се користи за тешко пристапни локации и во лоши временски услови.

Министерот Оливер Спасовски во име на Министерството за внатрешни работи се заблагодари на донацијата, потенцирајќи ја одличната соработка со Делегацијата на ЕУ и ИОМ.

Спонзорирано: