3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Циклонот дојде: Пола метро снег на планините, а над 20 сантиметри во градовите – Детална прогноза за следните три дена

Нашето подрачје ќе потпадне под влијание на нов студен и влажен бран, кој ќе услови врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд и снег.

На повеќе места врнежите ќе бидат обилни, во југоисточните делови ќе бидат претежно од дожд (над 40л/м2), а во останатите од снег и ќе се формира нова позначителна снежна покривка.

УХМР предупредува дека повеќе места ќе се формира нова позначителна снежна покривка, на планините над 50см, а во пониските места од околу 20см.

За сабота метеоролозите најавуваат облачно време со умерени до обилни врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Прогноза за 26.01.2019
Минимална температура: -4°C до 2°C
Максимална температура: -2°C до 4°C
Променливо облачно наместа со повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Прогноза за 27.01.2019
Минимална температура: -8°C до 2°C
Максимална температура: -1°C до 6°C
Стабилно и суво со магла по одделни котлини.

Прогноза за 28.01.2019
Минимална температура: -6°C до 0°C
Максимална температура: 3°C до 9°C
Променливо облачно со врнежи од дожд кон крајот на денот.