10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Вработете се во Германија: Високи плати, а најмногу кеш се добива за овие професии

Германија е земјата каде работат десетици илјади Македонци, но и огромен број на граѓани од екс-југословенските републики.

Не за џабе е популарна оваа држава по вработувањата, доколку се земат во предвид високите плати за овие професии.

Едни од најдобро платените професии се лекарските, каде лекар заработува и до 78 илјади евра на годишно ниво, додека стоматолозите заработуваат уште повеќе и тоа 117 илјади евра/годишно.

Високи примања имаат и менаџерите на финансиски фондови каде платите се меѓу 70 и 80 илјади евра.

Но Германија голема потреба има во угостителскиот бизнис, каде особено добри плати заработуваат собарките, кои може да донесат 20-тина илјади евра/годишно, додека келнерите 22 илјади евра плус огромен бакшиш, слична сума заработуваат и рецепционерите

Доколку сте фризер сумата која може да ја искеширате е 20-тина илјади евра.

Со слични примања се и вработените во кол центри, каде мора особено добро да се познава германскиот јазик.

Само минатат година во Германија беа отворени над 700.000 работни места.

За да работите во Германија потребно е основно познавање Германскиот јазик и работна виза.

Спонзорирано: