10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Снег вечерва во Македонија – на овие места вее во моментов

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци на кашест снег на коловозот.

Како што соопшти ЈП „Македонијапат“, врнежи од снег со среден интензитет има на Попова Шапка, а со послаб интензитет во Маврово, Крушево и на планинските превои Стража и Буково. На патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир врнежите се од дожд и снег.

Поради појава на магла, видливоста е намалена од 20 до 50 метри на планинскиот превој Стража.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни

Спонзорирано: