11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Левицата за една изборна единица: Да се разбие монополот на власт на СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНE

По реакциите на повеќе помали партии дека, конечно, треба да се промени изборниот систем во една изборна единица и отворени листи пред да се оди на парламентарни избори, и од Левицата обвинија дека СДСМ ги заборавил ветувањата од предизборната програма.

„Сегашната власт целосно заборави на сè друго откога дојде на власт вклучувајќи ги, пред сè, економските проблеми на граѓаните, а вклучително и имплементација на своето изборно ветување за една изборна единица.

Од партијата додаваат дека досега требало да се прочисти и Избирачкиот список, а бараат и намалување на бројот на пратениците.

„Треба да се разбие монополот на политичката власт на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и во таа насока треба да се направи промена на изборниот модел, да се воведе една изборна единица, да се воведат отворени листи и бројот на пратеници во Собранието да се намали на 80 зашто во моментот има премногу џаболебари во Собранието, кои трупаат патни трошоци на сметка на граѓаните“, велат од Левицата.

Претходно, од Демократскиот сојуз на Павле Трајанов иницираат да се реафирмира предлогот за една изборна единица и отворени листи преку измени на Изборниот законик за поголема демократизација на државата.