11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најмалку 4 загинати, 90 повредени во експлозија на камион во Кабул

Најмалку четири лица загинаа во експлозија на камион-бомба во округот Грин Вилиџ во Кабул, Авганистан, во која се повредени и речиси 100 лица, вклучувајќи и 23 деца, пренесува РТ.

Експлозијата се случила во источниот дел на Кабул, во близина на комплексот Грин Вилиџ, во кој има безбедносни контролни пунктови и е дом на многу странци и невладини организации.

Според портпаролот на полицијата, Басир Муџахид, возилото исполнето со експлозив детонирало во областа во понеделникот вечерта.

Цитирајќи анонимен извор од безбедносните кругови, Ројтерс објави дека експлозијата уништила ѕид помеѓу Грин Вилиџ и блиската царинска испостава.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Наџиб Даниш, претходно посочи дека експлозијата се случила во близина на високо-обезбедена област во која се сместени меѓународна компанија и канцеларии на неколку странски невладини организации, и дека е окаратеризирана како терористички напад со употреба на возило полно со експлозив.

Бомбашкиот напад се случи во период кога американскиот претставник Залмај Калилзад пристигна во регионот за мировни разговори за да се стави крај на 17-годишната интервенција на САД. Освен Авганистан, тој треба да ги посети Пакистан, Индија и Кина за време на еднонеделното патување.

Спонзорирано: