Суверенитетот на Русија над Курилски oстрови е неспорен и за него не може да се преговара, рече рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, по првата рунда руско- јапонски разговор за мировен договор, пренесува РТ.
Во понеделникот Лавров одржа разговори во Москва со својот јапонски колега Таро Коно.
„Им укажавме на нашите јапонски пријатели дека за суверенитетот над островите не може да се преговара. Ова е територија на Русија “, јавува ТАСС цитирајќи го Лавров.
Тој истакна дека Токио не упатил никакви забелешки по изјавата на Русија дека резултатите од Втората светска војна не се предмет на ревизија.
Спонзорирано: